Норвешка ја среди Аргентина за втор триумф на Олимписките игри

Норвешка ја запиша втората победа на Олимписките игри во Токио откако денеска триумфираше против Аргентина со 27-23.

Норвежаните одлично го почнаа мечот (6-1), но набрзо следеше блесок и од ракометарите на Аргентина, кои израмнија на 9-9. Сепак, до полувреме Норвешка го врати водството од еден гол (13-12).

Во вториот дел Норвешка постојано ја имаше предност и во ниту еден момент не му дозволи на ривалот да направи пресврт (27-23).

Сагосен беше најдобар кај Норвешка со седум голови, додека Пизаро и Симоне постигнаа по пет гола кај Аргентина.