Норвешка без милост ја прегази Саудиска Арабија

Норвешка одигра уште еден фантастичен натпревар на Светското првенство во Германија и Данска, откако денеска ја совлада Саудиска Арабија со 40-21.

Норвежаните одлично го почнаа натпреварот, па го имаа водстовот од самиот старт и постојано го зголемуваа. Најпрво до девет гола предност (12-3), а потоа предноста порасна до +10 (20-10).

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Норвешка, која имаше неколку добри серии и стигна до +16 (28-12) по десет минути игра во вториот дел. А, во финишот од мечот С. Арабија едноставно не можеше да постигне гол, па Норвешка со серија од шест гола го затвори мечот и триумфираше со 40-21.

Најефикасен кај Норвешка беше Магнус Род со девет гола, а Еспер Ли Хансен постигна осум погодоци.