Никола Карабатиќ утре пристигнува во Берлин: Ќе игра за Франција на СП!

Франција денеска оствари тешка победа од само два голови разлика против Бразил на стартот на Светското првенство. Јасно беше дека во составот на Дидие Динар недостига главниот мотор и двигател на играта на актуелниот светски шампион, Никола Карабатиќ. 

„Ле Паризиен“ објави информација дека ракометарот на ПСЖ, утре ќе пристигне во Берлин и ќе го гледа натпреварот против Србија од трибините, но дека ќе и се приклучи на репрезентацијата.

Карабатиќ го оперираше стапалото во октомври и во прв момент отпадна од комбинација за настап на Мундијалот. Работите изгледа се променија и рехабилитацијата на стапалото минува многу подобро од очекуваното.

Се очекува Карабатиќ да почен со тренинзи со француската репрезентација и веројатно ќе биде вклучен во составот за следните натпревари.