„Ние не играме за пари, ова е голем успех за една мала Хрватска без никакви услови“

Лино Червар по победата на Хрватска против Шпанија имаше една од своите препознатливи емотивни изјави. 

„Коцкестите“ ја завршија групната фаза со максимални пет победи и со четири бодови ќе стартуваат во главната рунда. Селекторот Червар даде интересна изјава по натпреварот со актуелниот европски првак и потсети на деновите кога беше тренер на Металург.

Повторно во преден план му беше дека се нема услови за работа, но на крајот срцето и желбата победуваат.

„Момците одиграа херојски. Играа еден за друг и во напад и во одбрана. Знаевме дека мораме да го контролираме натпреварот. Покажавме што можеме. Мораме да останеме на земја, бидејќи не сме на Олимписките игри, уште ништо не сме освоиле, но сме на добар пат. Кој е планот? Сега ќе испиеме по едно пиво, ќе се изгушкаме и ќе прославиме, а потоа продолжуваме понатаму“.

„Некои се жалеа дека лани бевме петти во Европа, но кажете ми која репрезентација има ваков континуитет како ние? Една мала Хрватска без никакви услови. Овие дечки се масираат во ходник од хотелот, лежат по подови. Тоа е живот на пријатели, бидејќи само пријателите можат да си помагаат еден на друг, тоа не се прави за пари. Нека погрешат, нека прават што сакаат, но мислам дека носиме многу радост во хрватските домови, оптимизам и позитивни емоции. Им се восхитувам“, изјави Червар.