Неверојатен резултат: Јапонските ракометарки славеа со 55 разлика

Женската ракометна репрезентација на Јапонија оствари неверојатна победа од 56-1 против Палестина во рамки на 2.коло на Азиските игри во групата Б.

Овој резултат е веројатно за Гинисовата книга на рекорди, бидејќи во поново време спортот не памети ваков резултат. Палестинките се тотални аутсајдери на првенството на Азија, а во првото коло загубија со 45-7 од Јордан.

Утре во третата рунда Палестина се среќава со селекцијата на Иран, која покрај Јапонија се двете најсилни селекции во групата, па веројатно ќе има уште еден огромен резултат.