Не помогна ни Штербик: Франција ја суреди Шпанија и речиси ја исфрли од битка за полуфинале

Иако беше повикан за да ѝ помогне на Шпанија во битката за полуфинале на СП во ракомет, Арпад Штербик не успеа да ја сопре Франција, која денеска на стартот на втората фаза на Мундијалот славеше со 33-30 во дербито на светскиот и европскиот првак и со тоа „црвената фурија“ сега само теоретски може да стигне до првите две места.

Франција од самиот старт поведе и ниту еднаш триумфот не го доведе во рашање. Долго водеа Францисите со два-три гола, најмногу стигнаа до плус пет пред крајот на полувремето (17-12), а откако на пауза заминаа само со два предност, повторно брзо ја зголемија предноста до највисоките шест на средина од вториот дел (26-20) и практично го решија мечот, па до крајот само умшно ги држеа европските прваци на дистанца и славеа за пет бода во втората група. Шпанците имаа задоцнет финиш и стигнаа на два гола негатива на две минути до крајот, но толку им беше силата и Франција на крај славеше со 33-30.

Шпанија остана на два, Германија против Исланд денеска ќе се бори за втора победа, а Хрватска има меч утре против Бразил.

Ако Хрватска и Германија победат, практично Шпанија ќе се најде во невозможна мисија да се избори за пласман во полуфиналето. Денеска ни расположениот Франк Соле со девет гола, сите во првиот дел не беа доволни за подобар резултат. Ентрериос даде пет, но кај Франција Дика Мем и Фабрегас со по шест ја предводеа листата на стрелци, а Ричардсон, Мае и Гигу дадоа по четири.

Шведска го прегази Тунис во втората група, славејќи со убедливи 35-23 за трета победа со максимални шест бода и голем чекор кон полуфиналето. Екберг и Нилсон со по седум гола беа предводници во триумфот, а Санаи со шест беше најефикасен кај Тунис