Натпреварот помеѓу Адемар Леон и Синфин во рамки на шпанската АСОБАЛ лига синоќа се играше со заштитни маски поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. 

 За прв пат видовме како двете екипи на терен играат со заштитни маски во било кој спорт. Чудната слика предизвика многу внимание во јавноста. Повремениот македонски репрезентативец Дарко Димитриевски беше дел од овој натпревар и за гостинскиот тим постигна еден гол во поразот од 31-23. 

Дали е ова иднината на спортот насекаде во Европа и светот, не можеме да знаеме. Но, со зголемувањето на новозаразените со Ковид-19, можеби ова е и правилен потег за да не дојде до нов прекина на спортот.  

Она што е интересно е фактот дека Адемар Леон се наоѓа во иста група со Металург во Европската лига. Скопскиот тим ќе гостува во Леон на 17 ноември, па останува да видиме дали ќе биде приморан да игра со маски.