Митревски ја „спушти ролетната“ на голот на Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше неверојатен настап на голот на Порто против тимот на Маиа Исмаи.

Митревски имаше дури 20 одбрани, но и период од 18 минути во кои не прими ниту еден погодок. Порто славеше со убедливи 31-12 на гостински терен. Нашиот репрезентативец очекувано беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот, односно МВП.

Митревски ова лето пристигна во Порто, откако изминатите две сезони бранеше за Еурофарм Пелистер. Тој има искуство во португалскиот ракомет, бидејќи претходно беше и на голот на Бенфика.