Митревски и Порто до двојната круна во Португалија

Порто го освои португалскиот ракометен Куп откако во големото финале го совлада својот голем ривал Бенфика со 31-27. 

Овој трофеј значи дека тимот на нашиот репрезентативец ја освои двојната круна. Андре Гомеш со седум голови беше најефикасен во победничкиот тим, додека Виктор Итуриза постигна еден помалку. Нашиот репрезентативен голман повторно имаше добар настап и беше еден од најзаслужните за трофејот на Порто.