Манасков и колегите четири месеци ќе земаат еден четврт пониски плати

Иако е еден од најбогатите ракометни клубови во светот и Веспрем ја чувства кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, па затоа раководството на клубот свикало состанок со претставници на играчи те и на персоналот за да договорат кратење на платите.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и соиграчите ќе земаат пониски плати за 25 проценти, почнувајќи од оваа актуелната, за март, па и следните три, заклучно со јунската. Исто така, се договориле, ако во договорот платата им е одредена во евра, да им биде исплатено по актуелниот курс на форинти, без разлика како би се развивал тој во иднина.

Покрај кратењето на платите и мислењето на иднината на клубот, тимот најде средства и за да донира во добротворни цели. Буџетот на Веспрем изнесува околу 12 милиони евра годишно, екипата е спонзорирана од државниот Телеком, но и покрај тоа има одреден дел приходи и од публиката, која редовно ја полни „Веспрем арена“, бидејќи клубот е главна атракција во ова гратче со 50-тина илјади жители.