Македонските репрезентативци запишаа победи во германскиот Куп

Македонските ракометари имаа успешен ден во германскиот Куп, откако Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Мартин Томовски запишаа победи.

Кузмановски постигна пет погодоци во победата на Магдебург против Нортхајмер (41-26), додека Пешевски беше стрелец на еден гол во триумфот на Штутгарт против Кобург (29-24).

Томовски не доби шанса за Лудвигсхафен, но неговиот тим победи со 27-23 против Лојтерхаузен.