Лазаров со шест гола го однесе Нант во четвртфинале на францускиот куп

Нант успеа да обезбеди четвртфинале во Лига Купот на Франција, откако го победи Ним со 37-30, а еден од најдобрите беше нашиот капитен Кирил Лазаров.

Првото полувреме помина израмнето, а екипата на Лазаров имаше само еден гол предност по првите 30 минути, но во вториот дел заиграа многу подобро и обезбедија пласман понатаму.

Лазаров постигна шест гола и му помогна на Нант во походот кон трофејот во Лига Купот.