Костадин Петров од Вардар на Исланд кај Алушовски

Повремениот македонски репрезентативец и досегашен пивот на Вардар, Костадин Петров, од следната сезона ќе настапува на Исланд, во Тор, тимот кој го предводи Стевче Алушовски.

Исландската екипа синоќа го промовира новот засилување, договорено за една сезона, со можност за продолжување. Тор е екипата во која Томислав Јагуриновски одигра половина сезона и се прикажа во добро светло, а демонстирра и личен напредок, преку натпреварите за репрезентацијата.

Од летото 2021, Стевче Алушовски е предводник на овој тим, а на крајот на минатава сезона го продолжи договорот на уште три години и покрај тоа што не успеа да го внесе во првата лига.

Петров, кој во март наполни 30 години, доаѓа откако минатата сезона ја почна во Металург, а ја заврши во Вардар. Во својата кариера има настапувано за Борец, Куманово, Радовиш, Металург и за Пелистер, а ова ќе биде негово трето интернационално искуство, по Сучеава во Романија и Гвадалахара во Шпанија.