Коралес заработи бизарна повреда, Штербик ќе добие повик од Шпанија!?

Шпанската селекција може да доживеаа промена на голманската позиција, откако Родриго Коралес на денешниот тренинг беше повреден по пад на билборд.

Тоа се случило на крајот на тренингот и сега Коралес треба да оди на медицински прегледи. Доколку се покаже дека расекотината на левата нога е проблематична, тогаш Шпанците ќе мора да го повикаат поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик.

Шпанија во следните натпревари треба да игра против Франција, Германија и Бразил во втората фаза од Светското првенство во Германија и Данска.