Кире Лазаров избран во тимот на колото во француската лига (ФОТО)

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, уште дели лекции на своите конкуренти.

Тој е прогласен за најдобар десен бек во 17. коло од француската Лидл старлига, благодарение на настапот на мечот Нант - Екс ан Прованс. Натпреварот заврши нерешено, 23-23, а Лазаров беше најдобар поединец во домашниот тим, со шест постигнати гола. Неговиот перформанс, веројатно, добива уште малку на тежина кога ќе се додаде дека Карл Конан, од редовите на Екс е прогласен за најдобар дефанзивец.

Ова е вторпат Лазаров да биде прогласен за најдобар десен бек во едно коло од француската лига. Екс е третопласиран на табелата, со 22 бода, Нант е петти со 18.