Карабатиќ му останува верен на ПСЖ до 2023 година

Еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ го продолжи својот договор со ПСЖ до јуни 2023 година. 

Францускиот репрезентативец пристигна во Париз во 2015 година и досега освои шест шампионски титули во домашното првенство со овој тим, но ниту една во Лигата на шампиони. Досега одигра 238 натпревари за „светците“ и има постигнато 854 голови.

„Многу сум среќен што продолжува во клубот“, рече Карабатиќ. „Постоеше голема желба помеѓу двете страни да продолжиме да испишуваме нови страници во историјата. Изминатава година и мојата долга рехабилитација од повредата само ја зацврсти мојата поврзаност со Париз. До крајот на мојот договор сакам да му помогнам на клубот да продолжи да расте, без разлика дали тоа би било преку освојување трофеи или преку подршката на социјалните акции кои клубот ги прави надвор од теренот“, истакна францускиот репрезентативец.

Во својата богата играчка кариера, Карабатиќ (37) играше и за Монпелје, Кил и Барселона.