ИХФ го смени правилото: Ракометарките на плажа повеќе нема да играат во бикини!

Ракометарките на плажа повеќе нема да бидат присилени да играат во бикини, откако сексистички беше оценета казната на Светската ракометна федерација (ИХФ) кон Норвешка, откако ракометарките на оваа земја одбија да играат во бикини.

ИХФ ги смени правилата според кои сега ракометарките ќе може да играат во кратки шорцеви, идентични како Норвежанките што носеа кога одбија да играат во бикини, а на горниот дел од телото ќе може да носат или тесна маичка или топ без ракави. Кај мажите пак, ракометарите ќе мора да носат кратки бермуди десет сантиметри над колената, но да не бидат прешироки.

ИХФ лани ги казни Норвежанките зашто отстапиле од основната опрема одбивајќи да играат во бикини во мечот за трето место со Шпанија, па тогаш федерацијата на Норвешка доби казна од 1.500 евра, но сето тоа предизвика бура од реакции од сите страни.