Хрватската репрезентација на СП најавена како - Србија! (ВИДЕО)

На младинското Светско првенство во ракомет што се одржува во Шпанија се случи невиден кикс. 

На денешниот дуел помеѓу Хрватска и Португалија, официјалниот спикер во салата ја најави химната на репрезентацијата на Србија. Очигледно човекот се збунил, околу тоа која репрезентација настапува, но барем химната беше точна, односно хрватската.