Хрватска загуби по голема драма од Јапонија

Женската ракометна репрезентација на Хрватска загуби од Јапонија со 26-28 во последниот меч од групата Г во првата фаза од Светското првенство (СП) во Шпанија.

Натпреварот против Јапонија беше важен затоа што победникот во новата група ќе префрли два бода, но Хрватска го загуби дуелот, иако на средината на второто полувреме имаше три гола разлика (23-20).

Јапонија во втората фаза од натпреварувањето ќе пренесе два бода, додека Хрватска оди без бодови, зашто славеше само против Парагвај.