Хрватска остана во „живот“: Катар им направи голема услуга на „коцкестите“

Катар ја изненади Аргентина со 26-25 и ѝ направи огромна услуга на Хрватска, која сега мора да ја победи Данска за да се пласира во четвртфиналето. 

Ако „гаучосите“ освоеја барем бод денеска, натпреварот помеѓу Хрватска и Данска ќе беше само пријателски дуел за престиж. Вака, момците на Лино Червар имаат шанси за пласман меѓу најдобрите осум репрезентации на турнирот. Само победа ги носи „коцкестите“ понатаму, бидејќи реми не им е доволно иако ќе се израмнат со по шест бода со Аргентина и Катар на конечната табела во Групата 2. Во меѓусебниот круг, секој секого има победено, но Хрватска ќе има негативна гол-разлика, па така Аргентина ќе биде селекцијата која ќе помине понатаму. Секако и Катар има шанса за прогрес, но за тоа треба Хрватска да загуби од Данска. 

Во рамки на Групата 1, Шпанија ја совлада Унгарија со 36-28 и си го обезбеди првото место. Двете репрезентации пласманот во четвртфиналето го обезбедија уште во минатото коло.