Хрватска ќе пренесе 4 бодови: Червар со лекција за Шпанија

Хрватска ја совлада Шпанија со 23-19 во рамки на последното 5.коло во групата Б во која се наоѓа и Македонија. 

„Коцкестите“ ја завршуваат првата фаза со максимален ефект од пет победи и во следната рунда ќе пренесе дури четири бодови. Актуелниот европски првак беше немоќен против одличната Хрватска.

Момците на Лино Червар доминираа во најголем дел од натпреварот, а во првиот дел имаа и највисоко водство од +5. На паузата резултатот гласеше 13-10. Во вториот дел, Хрватска знаеше како да ја одржува предноста и не и дозволи на Шпанија да се доближи повеќе од два разлика. На крајот победата беше сосема заслужена, кој им дава убава предност во следната фаза на Хрватите, бидејќи вкрстуваат со трите селекции од групата А, Франција, Германија и Бразил.

Хрватска веднаш ќе биде во најповолна позиција поради четирите бодови, додека Германија и Франција пренесуваат по три, Шпанија два, додека Исланд и Бразил ќе стартуваат без бодови.

Златко Хорват со осум голови беше најефикасен кај Хрватска, додека Жејко Муса исто така одигра фантастичен натпревар со шест голови. Феран Соле со пет голови најмногу се истакна кај Шпанија.