Хрватска го декласираше Парагвај за прва победа на СП

Хрватската женска ракометна репрезенатација славеше со убедливи 38-16 против Парагвај за прва победа на Светското првенство (СП) во Шпанија.

„Коцкестите“ го оправдаа епитетот на фаворит, иако имаа лош старт и Парагвај водеше со 3-2, но потоа следеше огромна серија на Хрватките за предност од 15-5, по што беше решено прашањето за победникот.

Во второто полувреме селекторот на Хрватска им даде шанса и на репрезентативките од втор план, но тоа не им направи никаков проблем бидејќи „коцкестите“ триумфираа со 38-16.

Хрватките првиот меч го загубија од Бразил со 25-30, а последниот го играат против Јапонија во понеделник.