Хрватите не се нормални: Го нуди братот за билети за мечот со Шпанија!? (ФОТО)

Хрватска вечерва ќе се соочи со европскиот првак Шпанија во мечот од нашата минхенска група во која дербито решава која селекција ќе пренесе максимален број на бодови во следната фаза со што би имале отворен пат кон полуфиналето на СП.

И кај хрватските навивачи владее вистинска лудница за пресметката со „црвената фурија“, па вистинско богатство се нуди за билети за мечот со „Олимпијахале“ закажам за вечерва од 20.30 часот. Хрватска има преку 4.000 навивачи во Минхен, ама има најмалку уште толку кои бараат начин за да стигнат до места во салата за клучниот дуел.

Хрватските меидуми објавија дека на социјалните мрежи веќе има групи каде навивачи бараат влезници, па нудат злато, стотици евра, а еден од тие дури го понудил и – својот брат.

„Го менувам братот за билети со Шпанија. Нормално со моја доплата“, стои во понудата на еден Хрват.