Хансен после ЛОИ во Токио се повлекува од селекцијата на Данска?

Еден од најдобрите светски ракометари во моментов, Микаел Хансен, ракометарот на француски Пари Сен Жермен најави дека многу веројатно нема да ја предводи својата селекција во одбрана на светската круна во Египет во јануари 2021 година и дека ќе се повлече од националниот дрес.

Хансен најави дека после Летните Олимписки игри во Токио идната година ќе земе одмор, но сооглед на неговите 34 години, Данците сравуваат дека тој практично заминува во пензија, иако данската ракометна ѕвезда децидно не се изјасни дали една година ќе паузира или ја завршува репрезентативната кариера.

„Во следните година дена ме чека настап на Европско првенство, па Летни Олимписки игри, плус оптеретување кое го имам во ПСЖ. Без оглед колку сакам да играм за репрезентацијата, јас размислувам да не играм на СП во Египет и така да почнам малку повеќе да се грижам за своето тело“, рекол Хансен за „Политикен“.

Данецот освен што веќе е во сериозни години, има проблеми со коленото, па силното оптеретување му прави тешкотии и ако сака да продолжи да игра на врвно ниво, барем клупско, ќе мора да го стави националниот тим во мирување.