Гурбиндо е македонски зет, наскоро ќе добијат принова со неговата - светиниколчанка!

Најновото засилување на Вардар, Едуардо Гурбиндо, порано имаше конекција со Македонија само преку Кирил Лазаров, кој беше негов соиграч во Барселона и се уште е во Нант. Меѓутоа веќе некое време тој има уште посилна врска со нашата земја.

Гурбиндо е македонски зет, а неговата партнерка е светиниколчанка. Не знаеме како и каде почнала нивната романса, но сега и јавно е познато кој е плодот од неа.

Елена и Едуардо со неколку фотографии на социјалните мрежи објавија дека ќе добијат принова. Оттука, врз трансферот на Гурбиндо во Вардар, сигурно имал влијание и најважниот член на нивното семејство, кој наскоро треба да дојде на свет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Elena (@elenamileva)