Германија подобра од Норвешка во битката за петто место на СП

Ракометарите на Германија беа подобри со 28-24 од Норвешка во битката за петто место на Светското првенство (СП).

Германија имаше добар старт и водство од 4-1 на стартот, по што ја задржа предноста до крајот на првите 30 минути (16-13).

Норвешка немаше добар старт на вториот дел, па само во финишот се приближи на два гола негатива (24-26), меѓутоа Норвежаните немаа сила за пресврт (24-28).

По пет гола во победничкиот тим постигнаа Гола, Хафнер и Вицке, додека Гулеруд постигна шест гола за Норвешка.