Германија ја растури Словенија во квалификациите за ОИ во Токио

Германија одигра одличен натпревар против Словенија во квалификациите за Олимписките игри (ОИ) во Токио и триумфираше со 36-27.

Германците уште во првото полувреме го решија прашањето за победникот откако на паузата заминаа +10 (22-12), по што во вториот дел не дозволија пресврт и победија со 36-27.

Шилер беше најдобар во германската репрезентација со седум погодоци, додека Благотиншек постигна пет гола за Словенија.

Германија е прва на табелата со три бодови, Словенија има два, Шведска има еден бод, а Алжир е без бодови.