Германија го скрши Бразил за место во четвртфинале

Германската ракометна репрезентација обезбеди четвртфинале на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио откако во последниот меч од групната фаза славеше со 29-25 против Бразил.

Бразилците играа добро во поголемиот дел од првото полувреме и имаа водство од еден гол во завршницата (12-11), но потоа Германија со серија од 5-0 замина на пауза со 16-12.

Во вториот дел доминираа Германците кои ја чуваа предност од пет гола во текот на полувремето и на крајот триумфираа со 29-25.

Вајнхолд постигна шест гола за Германија, додека седум погодоци за Бразил беа дело на Фереира.