Португалија ја шокираше Франција и ја исфрли Хрватска од ОИ во Токио

Франција и Португалија се двете репрезентации кои се пласира на Олимписките игри во Токио од квалификацискиот турнир што се играше во Монпелје. 

„Триколорите“ вечерва во последниот натпревар загубија од Португалија со 28-29 и тоа со гол во последните секунди од натпреварот. Овој гол значеше дека Хрватска нема да оди на Олимписките игри и ќе го освои третото место во групата. Сите три репрезентации имаат по четири бода, но Франција има најдобра гол-разлика +14, Португалија има +7, а Хрватска 0. 

„„Коцкестите“ го победија Тунис со 30-27, но на крајот испанд пиров триумф. Давид Мандиќ постигна девет голови за Хрватите, додека ракометарот на Металург, Златко Хорват реализираше седум пати во мрежата на противникот.

ТУРНИР МОНПЕЛЈЕ
Хрватска - Тунис 30-27
Португалија - Франција 29-28

ТАБЕЛА
1. Франција 4
2. Португалија 4
3. Хрватска 4
4. Тунис 0

ТУРНИР ПОДГОРИЦА
Бразил - Чиле 26-24
Јужна Кореја - Норвешка 31-44

ТАБЕЛА
1. Норвешка 6
2. Бразил 4
3. Јужна Кореја 2
4. Чиле 0

ТУРНИР БЕРЛИН
Алжир - Германија 26-34
Шведска - Словенија 32-25

ТАБЕЛА
1. Шведска 5
2. Германија 5
3. Словенија 2
4. Алжир 0

*Првите две репрезентации од групите се пласираа на Олимписките игри во Токио.