Франција игра со Србија или со Словачка? (ФОТО)

Само што заврши првото полувреме од дуелот помеѓу Франција и Србија на Светското ракометно првенство со резултат 15-12.

Од Ракометната федерација на „триколорите“ очигледно не знаат со кого играат или не знаат баш географија, бидејќи на својот официјален „Твитер“-профил, наместо знамето на Србија го ставиле знамето на Словачка.