Драма во Берлин: Французите со итроштина извлекоа реми со Германија!

Германија испушти триумф против Франција во последните секунди од натпреварот, откако Французите ги поставија конечните 25-25.

Германија тргна добро пред својата публика против Франција, па на почетокот стигна до два гола предност (3-1), а потоа Франција врати и го презема водството (5-4).

Сепак, како минуваше времето Германците играа многу подобро, па успеаа да стигнат до предност и да ја зачуваат до самиот крај на првите 30 минути (12-10).

Во второто полувреме повторно одлична игра од двете страни, а Франција успеа да го преземе водството неколку пати (16-17).

Во финишот од мечот следуваа големи возбудувања и се играше гол за гол, а на крајот двете екипи ги поделија бодовите (25-25).

Најдобри кај Германија беа Генсхајмер и Стробел со по четири постигнати погодоци, додекај Мае кај Франција постигна девет гола.

Во последниот меч, кој се одигра вечерва Данска ја совлада Австрија со убедливи 28-17 и си обебеди пласман во следната фаза.