Данска убедлива против Бахреин, Шведска едвај ја скрши Португалија

Данска и Шведска продолжија да доминираат на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, откако денеска ги запишаа и третите победи во групната фаза.

Шведска се измачи против Португалија , иако имаше водство од четири голови во самата завршница, но сепак по голема драма запиша триумф од 29-28.

Лагерген постигна осум голови во победата на Шведска, а кај Португалија најдобри беа Гомеш, Соареш и Соуза постигнаа по шест гола.

Данска имаше лесна задача против Бахреин и лесно излезе на крајот, односно запиша убедлива победа од 31-21. Гидсел и Хансен постигнаа по шест гола, додека Ал-Макаби постигна пет за Бахреин.

Во последниот меч во групата Б Египет ја совлада Јапонија со 33-29.