Данска и Унгарија убедливи, Шпанија во тесна битка ја победи Полска

Данска и Унгарија немаа тешка задача и лесно, убедливо и без мака си запишаа победи во вечерашните мечеви од второто коло на Светското ракометно првенство, додека Шпанија стигна до првиот триумф во тесната и жестока битка со Полска, триумфирајќи со 27-26.

Предводени од Даниел Душебаев со шест гола, а Ентрериос и Фернандес дадоа по пет, Шпанија од почетокот го презема водството, а пред полувремето стигна до највисоки плус четири (14-10) и во почетните минути од вториот дел ги имаа највисоките плус пет (17-12), но потоа сѐ прокоцкаа. Оттогаш Полска направи серија од 7-2 за да израмни до 19-19 и се водеше жестока битка во која Шпанија водеше со гол или два предност, а Полјаците бркаа, но на крајот не успеаа да се изборат за бод.

Сицко со шест гола и Морито со пет беа најефикасни кај Полјаците.

Данска на Конго му даде 23 гола во првото полувреме, па подзастана во второто, но убедливо славеше со 20 разлика (39-19), во мечот Хансен даде осум гола, а Холм шест. Поинаква ситуација беше со Унгарија, па оваа селекција тргна полабаво во мечот со Уругвај и на полувреме имаше само плус осум (16-8), ама затоа во вториот дел ги наполнија јужноамериканците. Им дадоа 23 гола во вторите 30 минути, па со 44-18 славеа на мечот.

Мате со 8 и Ѓори со пет беа најефикасни кај Унгарците.

И двата фаворити ги запишаа вторите победи во своите групи, Данска е сега израмнета со по 4 бода со Аргентина, додека Унгарија има 4 бода колку и Германија, која службено го доби мечот со Зеленортските острови.