Огромно изненадување на СП: Чиле ја декласираше Австрија!

Чиле го запиша првиот триумф на Светското првенство во Германија и Данска, откако денеска ја декласираше Австрија со 32-24.

Чиле одлично го почна натпреварот, па постојано имаше предност од два голови (5-7), но во финишот од првите 30 минути Австрија притисна и успеа да направи целосен пресврт за водство од 15-14.

Во второто полувреме Австрија стигна и до два гола предност (16-14), но потоа следуваше фантастичната серија на Чиле, кој до средината на второто полувреме стигна до осум гола предност (20-28), а водството успеа да го задржи до самиот крај за конечни 32-24.

Најефикасен кај Чиле беше Евин Фојтман со девет постигнати голови, додека кај Австрија, Роберт Вебер постигна шест гола.