Цел Вардар го држи на плеќи, а Србите го испратија - на трибина!

Светското првенство во Германија и Данска почна вчера со триумф на домаќините, па денеска своите предизвици ги почнува и Србија, а селекторот Ненад Перуничиќ ги избра 16 ракометари за денешниот дуел.

Српската репрезентација пристигна со 17 ракометари, а Перуничиќ изненади многумина со својот избор бидејќи третиот голман и важен член на Вардар, Дејан Милосављев остана надвор од конкуренција и мечот ќе го следи од трибините.

Состав: Владимир Цупара, Светислав Веркиќ, Немања Илиќ, Вања Илиќ, Милјан Пушиќ, Драшко Ненадиќ, Немања Обрадовиќ, Лазар Кукиќ, Иван Мошиќ, Стефан Вујиќ, Немања Зеленовиќ, Милош Орбовиќ, Мијајло Марсениќ, Зоран Николиќ, Богдан Радивојевиќ и Вукашин Воркапиќ.

Србија првиот меч на СП го игра против селекцијата на Русија од 18 часот.