Бивш ракометар на Вардар уживал во кокаин – доби суспензија од ЦСКА Москва!

Поранешниот ракометар на Вардар и руски репрезентативец, Дмитри Киселев кој падна на допинг тест, му било откриено во крвта дека користел кокаин, па сега три месеци ќе биде во аут.

Киселев паднал на допинг-тестот на 14 мај на мечот на неговата ЦСКА Москва и Пермски Медведи, а сега е утврдено кои забранети супстанци ги користел и според зборовите на руската анти-допинг агенција, тој признал дека користел кокаин, но после завршување на сезоната.

Киселев во ноември треба да се врати на ракометните терени, ама поради овој скандал е суспендиран од таборот на „армејците“.

„Концентрација на кокаин е пронајдена во допинг-тестот на ракометарот на руската репрезентација и на ЦСКА Москва, Дмитри Киселев, а укажувањата на спортистот се дека ја употребувал оваа супстанца после натпреварувачкиот период“, рекла Валерија Герман од руската анти-допинг агенција.