Барселона тргна ужасно, па се разбуди и го реши Ел Замалек

Каталонскиот гигант имаше лош старт на натпреварот против Ел Замалек, но Барселона почна да се буди во завршницата на првото полувреме и на крајот триумфираше со 36-32 за пласман во полуфинале на Ел Замалек.

Тимот од Египет го отвори мечот со серија од 5-0, а водството од пет голови го одржуваше до средината на првото полувреме, кога почна да се топи разликата меѓу двете екипи. Каталонскиот тим почна да игра одлично во нападот и набрзо направи пресврт за водство од 18-17 на паузата.

Ел Замалек не попушташе на почетокот на вторите 30 минути, кога ја одржуваше негативата од еден гол (20-21), но потоа Барселона влезе во серија од 5-0 и избега на 26-20, по што беше јасно дека тешко може да се случи изненадување до крајот (36-32).

Фраде постигна седум голови за тимот од Каталонија, додека за Замалек најдобри беа Кадах и Ел Дера со по шест погодоци.

Барселона во полуфинале ќе се соочи против бразилски Пињеирос, додека во второто полуфинале ќе играат Алборг и Магдебург.