Барселона едно полувреме се бламираше, па потоа го декласираше Ал Вехда

Барселона ќе игра против Кил во финалето на Супер глоуб турнирот во Дамам, Саудиска Арабија, откако вечерва во второто полуфинале го совлада домаќинот Ал Вехда со 34-24.

Тимот од Саудиска Арабија имаше водство по првиот дел од 16-13, бидејќи Барселона играше премногу опуштено. Во вторите 30 минути, Шпанците решија да не си играат со репутацијата па брзо ги наместија работите во нормалниот поредок и ја вратија предноста. Каталонците продолжија да ја зголемуваат предноста во вториот дел која дојде и до +10 за конечни 34-24.

Лука Циндриќ со седум голови од седум обиди беше најдобар во таборот на Барселона, Аитор Бенгочеа постигна еден помалку. Али Исмаил Мохамед Зеинелабедин со девет голови беше најефикасен кај Ал Вехда. 

Во сабота во 13.30 часот Вардар ќе игра против Ал Вехда во натпреварот за третото место, додека од 16 часот се игра големото финале помеѓу Барселона и Кил.