Ангола во последните 25 секунди од мечот го нокаутираше Катар

Ангола направи сензација во првото коло од групата Д на Светското првенство, откако го победија Катар со 24-23 во последната секунда од натпреварот.

Борбените Африканци, кои до пред почетокот на мечот беа аутсајдери, водеа цело прво полувреме и заминаа на паузата со предност од 12-8, но малкумина веруваа дека ќе издржи до крајот.

Катар добро го отвори второто полувреме, но Ангола не се предаваше и Ромео одлично ја предводеше до финишот на мечот.

Ангола имаше водство од 20-19 и 21-20 и напад за два гола предност, но си направи проблеми, па Катар направи пресврт за 23-22. Сепак, Ангола успеа во последните 25 секунди од мечот да израмни и потоа да направи целосен пресврт за конечни 24-23.