Алборг избори полуфинале против Магдебург на Супер Глоуб

Актуелниот дански шампион Алборг се избори за полуфинале против Магдебург на Супер Глоуб турнирот, откако славеше против Ал-Вехда со убедливи 38-27.

Алборг беше подобар противник на теренот во текот на целиот натпревар, а дека ќе се пласираат меѓу четирите најдобри екипи беше јасно уште по првото полувреме, кое го доби со 19-10.

Во вториот дел Ал-Вехда немаше што да бара и едноставно не пронајде решение за данскиот шампион, кој со 38-27 се пласираше во полуфинале на турнирот.

Бартхолд постигна осум голови во екипата на Алборг, додека Хернандез на спротивната страна постигна исто толку погодоци.