Алборг го освои 3.место на „Супер глоуб“

Европскиот вицепрвак Алборг го совлада бразилскиот тим Пињеирос со 34-29 и го освои третото место на неофицијалното светско клупско првенство - „Супер глоуб“. 

По изедначениот старт на натпреварот, Данците при резултат 6-6 направија неверојатна серија од 10-1 за да дојдат до убедлива предност. На полувремето резултатот изнесуваше 19-11.

Во вториот дел, Алборг само го одржуваше водството од 5 до 8 голови разлика, за Бразилците да имаат нешто подобар финиш и со серија од 1-4 дојдоа до пристоен пораз од 34-29.

Јул-Ласен беше најефисен во победничкиот тим со шест голови, пет постигна Клар. Кај Пињеирос, Сеиферт беше најдобар со шест погодоци.

Финалето се игра вечерва помеѓу Барселона и Магдебург.