Вујовиќ: Би сакал да седнам на клупата на Хрватска, но не ми дозволуваат!

Ракометната репрезентација на Хрватска не игра добро на Светското првенство (СП) во Египет, па се наоѓа на раб на елиминација, а поради лошите резултати и притисок, оставка си поднесе тренерот Лино Червар.

Се шпекулира за неговата замена на кормилото на хрватската репрезентација, а коментар за тоа даде и Веселин Вујовиќ, кој неодамна го презема Борац.

„Секој пат кога некој селектор на просторите на бивша Југославија ќе даде оставка, медиумите почнуваат шпекулации со моето име. Секако дека ми е мило што хрватските навивачи ме сакаат на клупата, но мислам дека нема да има ништо од тоа. Тешко дека Вујовиќ ќе седне на клупата на хрватска, не затоа што не сакам, туку затоа што таква е ситуацијата и не ми дозволуваат. За тоа не би сакал да зборувам. На Хрватска ѝ треба искусе селектор, па верувам дека ќе донесам добро решение“, вели Вујовиќ.