Вујо: Уште мислам дека Раул е подобар тактичар од Лино!

Пред нашиот дуел со Хрватска, Веселин Вујовиќ имаше најава во која Раул го нарече подобар тактичар од Лино Червар. Хрватите нас нè совладаа, а синоќа ја суредија и Шпанија, па Вујо сакаше повторно малку да се врати на таа тема.

Како стручен коментатор на „Индекс“, Вујовиќ, веројатно, крена прашина во хрватската ракометна јавност, изјавувајќи дека Раул е подобар тактичар од Лино. Сега кога Червар ја надигра и Шпанија, Вујо го повтори истиот став.

„Пред натпреварот меѓу Хрватска и Македонија, за ‘Индекс дадов коемтар дека адутот на Македонија во таа средба е тактичката обученост на Раул Гонзалес. Хрватска ја разби Македонија, но не го сменив мислењето само поради еден натпревар. Лино е врвен тренер, освои сè што може да се освои и тој не мора никому да се докажува. Можеби некој погрешно ги интерпретирал моите зборови. Никогаш не реков дека Лино е лош тактичар, само сметам дека Раул е тренер кој има повеќе опции и варијанти во подготовката на еден натпревар, додека Червар е попредвидлив. Меѓутоа, Червар од својата екипа создаде една фантастична ‘клапа’, делуваат многу похомогено отколку лани во Хрватска. Тоа е енергија на еден шампион“, смета Вујовиќ, кој не успеа да се пласира на СП со селекцијата на Словенија.

За тоа што видовме и што следува, има да каже дека е воодушевен од Хрватска и од Данска, па посакува нив да ги види во финале.

„Хрватска е сега во одлична позиција. Во Келн ќе оди со четири бода и многу е блиску до полуфинале. Ќе биде тешко, но уверен сум дека Хрватска ќе игра во полудинале. Данците и Хрватите на овој турнир покажаа најмногу, играат најдобар ракомет и ги гледам во финалето. Што се однесува до Германците и до Французите, силни се, добри се, но не се никаков баук. А Хрватска во Келн ќе има домашна атмосфера. Сигурен сум дека, да се пуштат билетите во слободна продажба, дека и против Германија на трибините би имало повеќе Хрвати. На Французите им се враќа Никола, а знаеме дека со него со години беа несовладливи за Хрватска. Да Боже сега Хрватска да ги победи, би било заслужено, а и време е.“, анализира Вујовиќ.