Во Скопје ни тренинг ни одмор, правец Турција, а утре веднаш натпревар!

ЕХФ-неделите се многу краток прозорец за активностите на репрезентациите да се одвиваат нормално, па многу земаат забрзана агенда. Таква е и Македонија, која денеска во "Александар Палас" го имаше првиот собир, а веќе утре го игра првиот од четирите пријателски натпревари.

Во необичен состав со просек од години, сигурно под 25, Македонија се сппрегна да одигра четири пријателски средби неделава, утре и во среда против Турција, односно Италија во Ескишехир, а потоа в сабота и недела во Скопје со Италија. Селекторот Данило Брестовац се реши за комбиниран, млад состав, од кој сака да извлече потенцијални репрезентативци за ЕП во јануари.

Затоа и ќе играме четири натпревари во рок од пет дена и во распон од 1.100 километри и тоа со репрезентации со, условно, послаби репрезентации. Утре во 17.30 ќе се соочиме со Турција, в среда од 16.00 со Италија, во Ескишехир. Затоа денеска во Скопје нема да има ниту тренинг, ниту одмор, туку вечерва директно летаат за Турција. 

По натпреварот се враќаат веднаш во Скопје, каде што ќе им се приклучат Кире Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Манасков и Борко Ристовски. Ќе тренираат четврток и петок, а в сабота и недела играме со Грузија. 

Ова ќе бидат први контроли пред ЕП во Австрија, во јануари, а ќе има уште. Во последните пет дена од декември нѐ очекува Трофеј Карпати во Романија, а на 3 и 5 во Словенија ќе тестираме со Словенија и со Црна Гора.