Уругвај загуби со 20 разлика од Бразил, Јапонија сигурна против Бахреин

Бразил одигра неверојатен натпревар во борбата против Уругвај  и славеше со убедливи 37-17, додека Јапонија го совлада Бахреин со 29-25.

Бразилците го имаа водството од самиот почеток на натпреварот, па со неколку серии по ред постојано ја зголемуваа предноста, која достигна +11 на паузата (18-7).

Во второто полувреме Бразил продолжи во ист ритам и набрзо поведе со 24-7, по што Уругвај намали на 9-24, но како минуваше времето така Бразилците доминираа и триумфираа со 37-17, а Лусијано беше најдобар кај Бразилците со седум погодоци.

По неизвесниот старт на мечот против Бахреин, Јапонците влегоа во серија и стигнаа до 14-7. Бахреин на момент успеваше да намали на четири голови, но тоа не беше доволно, зашто Јапонија на полувреме замина со 19-12.

Во вториот дел Јапонците ја одржуваа предноста, а Бахреин успеа само во финишот да влезе во мини-серија од три гола и да намали на 25-29.