Турингер е веќе минато: Саздовска се врати во Романија

Македонската ракометна репрезентативка, Јована Саздовска, следната сезона повторно ќе игра во Романија.

Поранешното лево крило на скопски Металург и Вардар, последните две сезони го носеше дресот на германскиот Турингер, а нејзина нова дестинација ќе биде Данареа Браила, тим кој следната сезона ќе се натпреварува во европските купови.

Ова е втор клуб од Романија за 27-годишната ракометарка, откако претходно ги бранеше боите и на Магура.