Турција извлече реми: Младите ракометари утнаа пенал за победа!

Македонските ракометари до 18 години не успеаа да триумфираат против Турција на Медитеранскиот шампионат, откако денеска одиграа 18-18, иако имаа можност од пенал да запишат победа.

Македонија играше добро во текот на целиот натпревар, но Турците дадоа голем отпор. Во првата третина беше забележана израмнета игра (8-8), по што противниците на македонските ракометари ја добија втората третина со 5-4 (13-12).

Во последната третина Македнија заигра многу подобро, па поведе со 15-13, но Турција успеа да врати на сличен начин и да го преземе водството (18-16). Во последните минути се водеше голема борба, по што нашите ракометари успеаа да израмнат на 18-18, а добија и пенал за триумф, но не го искористија.

Во секој случај, Македонија групната фаза ја заврши со четири порази, едно реми и една победа и сега ќе разигрува за пласман од 9. до 14. место.