Трета-среќа за Лазарови: Братски цепелин кој ги збудале Јапонците! (ВИДЕО)

Очекувано лесна победа во пресметката со Јапонија обезбедена во брза игра со многу голови и еден куп акции, но и фантастични одбрани на голманот Борко Ристовски. Во нападот игравме разноврсно, а еден од најатрактивните голови го постигна братскиот тандем Кирил и Филип Лазаров и тоа од - цепелин. Тоа беше трет ваков обид на избраниците на Раул на денешниот меч, откако претходните два не беа успешно изведени па завршија со промашен гол односно одбрана на противничкиот чувар на мрежата.