ТОП 5 голови во Франција: Лазаров номиниран со „проектилот“ против Шамбери (ВИДЕО)

Францускиот ракометен шампионат не го дочека својот природен крај, откако федерацијата реши предвреме да го прекине поради коронавирусот. 

Лигата денеска ги објави најдобрите пет голови од изминатото првенство, а во топ-листата се најде македонскиот капитен Кире Лазаров. Тој му донесе победа на Нант на гостувањето кај Шамбери буквално во последните моменти, кога погоди преку живиот ѕид за 28-29. Овој гол се најде на второто место во изборот на француската ракометна лига. 

За голот на Лазаров можете да гласате на следниот линк.