Талески: Ние сме си виновни, ама и судиите нѐ извадија од колосек!

Веднаш по поразот од Исланд, ракометарите си признаа дека сами се виновни и дека противникот беше поконкретен. Филип Талески на ова додава и дека судиите имале грешки во клучниот дел од мечот.

Талески вели дека се боревме, но дека среќата не беше на наша страна овој пат. Смета дека некои судиски грешки ја измрдале од колосек нашата селекција, но сепак - сами сме виновни.

„По еден подолг период не ја минуваме таа прва фаза. Се боревме до последна минута, но можеби среќата, па и судиите не беа на наша страна. Имаше некои судиски грешки кои не извадија од колосек, но сами сме виновни. Сепак, ако ја гледаме целата ситуација мислам дека заслужено загубивме", рече Талески, денеска стрелец на четири гола.